Oops! It appears that you have disabled your Javascript. In order for you to see this page as it is meant to appear, we ask that you please re-enable your Javascript!

Масовно загрозување на безбедноста на Фејсбук

0

Фејсбук открива масовно прекршување на безбедноста што ги погоди околу 50 милиони корисница на оваа социјална мрежа. Гигантот на социјалните медиуми објави дека напаѓачите ја експлоатирале функцијата  “View as” на Фејсбук, која им овозможуваше на корисниците да видат како изгледаат нивните сопствени профили кај некој друг.

Напаѓачите ја искористиле функцијата на кодот, наречен „Пристапни токени“, за да ги преземат профилите на корисниците. Поради тоа, како безбедностна мерка,  денес  фирмата одјави околу 90 милиони луѓе од своите профили.

Во блог пост, Гај Росен, потпретседател за управување на производи во компанијата Фејсбук, изјави дека тие се трудиат што побрзо да го решат овој проблем. „Ние исто така го преземаме и чекорот на претпазливост за ресетирање на токените за пристап на уште 40 милиони профили кои биле предмет на “View as” изглед во последната година“, напиша тој.

Како резултат на тоа, околу 90 милиони луѓе сега ќе мора да се најават  повторно на Фејсбук, или било која од нивните апликации кои користат Фејсбук Логин.

„Дополнително, ако најдеме повеќе засегнати профили, веднаш ќе ги ресетираме нивните токени за пристап“.

Акциите на Фејсбук паднаа за 3 отсто на 163,78 долари во попладневните часови.

Share.

About Author

Остави коментар

Powered by themekiller.com