Марија Шарапова го напушта тенисот?

0

Руската тенисерка Марија Шарапова зборува за можно завршување на својата кариера.

Петкратната шампионка на „Гренд-слем“ турнирите – Шарапова  за рускиот портал Спорт24 изјави: „Многу години, започнувајќи ја кариерата уште како тинејџерка, настапувам на различни тениски турнири и веќе имам видено различни генерации тенисери. Но, во тенисот настапуваат не само спортисти од твоја генерација, туку секогаш се појавуваат нови и навистина талентирани тенисери, одлични јуниори што за кратко време преминуваат кон возрасниот тенис. Кога ја завршувате вашата кариера, секогаш ќе има некој нов, кој ќе ве замени на рејтингот. Таква е реалноста, таков е спортот. Јас кога почнав да учествувам на турнирите, се натпреварував со тогашните лидери – Џастин, Ким и сестрите Вилијамс и се чувствував како најмлада меѓу нив”.

Да се потсетиме, 31-годишната Шарапова моментално се наоѓа на 29-то место на светското рангирање на женската тениска асоцијација. Таа поради повреда ја заврши сезоната пред време.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com