Македонска премиера на „Господ постои, името ѝ е Петрунија“ на 14 март во Cineplexx

0

Филмот „Господ постои, името ѝ е Петрунија“ на Теона Стругар Митевска по неверојатниот успех на Берлинскиот филмски фестивал и освоените две награди (престижната наградата на Екуменското жири и наградата на германскиот еснаф на независни киноприкажувачи) ќе ја има македонската премиера на 14 март во кино Cineplexx, Скопје и на 15 март во кино Милениум. Веднаш по премиерите започнува и редовното кино прикажување во двете кино сали во Скопје и домашната публика ќе ја има привилегијата да биде прва која ќе го погледне овој филм.

Од 30 април, започнува и редовната кино дистрибуција на филмот во Франција, каде тамошниот дистрибутер „Пирамид“ ќе го прикаже низ цела Франција. Исто така, на 1 мај започнува и редовната кино дистрибуција на филмот во Швајцарија, раководена од една од најголемите дистрибутерски куќи „Тригон Филм“, а на истиот датум „Полифилм“ ја започнува и кино дистрибуцијата во Австрија.

Во април, „Господ постои, името ѝ е Петрунија“ продолжува и со својот фестивалски живот, кога ќе биде прикажан на 4 фестивали. Започнувајќи со Франција, на 1 април, филмот ќе биде прикажан во Јужна Франција на филмскиот фестивал „Д’Алес“, потоа продолжува на Crossing Europe филмскиот фестивал во Линц. На првото издание на овој фестивал Теона ја освои главната награда со својот првенец „Како убив светец“ и сега се враќа како почесен гостин и „Господ постои, името ѝ е Петрунија“ ќе биде прикажан како филм на затворање на фестивалот и од таму тргнува во редовна дистрибуција во Австрија.

Следната станица ќе биде Германија, каде филмот ќе го отвори филмскиот фестивал „Оди Источно“, во Визбаден, а Теона Стругар Митевска ќе биде претседател на главното жири. Во исто време, филмот ќе биде и во главна конкуренција со уште седум филма од целиот свет на Интернационалниот филмски фестивал во Келн, Германија.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com