Македонија преку Гибралтар зачекори напред во фудбалска Европа

0

Убедлива победа од 4:0 против Гибралтар за прво место во групната фаза во групата 4 во Лигата „Д“ со 15 бодови и домашно полуфинале во Лигата на нации. Со тоа Македонија ја круниса една од најуспешните сезони во својата фудбалска историја.

Дали во полуфиналето ќе играме против Косово или Белорусија ќе знаеме утре, но не помалку е важно дека со првото место во групата обезбедивме во следното издание на Лигата на нации ќе игра во во ранг погоре, во Лигата „Ц“.

Триумфот за посакувана завршница на групната фаза го донесоа Барди во 27 минута, а потоа во второто полувреме Несторовски постигна два гола, за на крајот, во судиското продолжение Трајковски да ги постигне конечните 4:0.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com