Македонија доби група по мерка за ЕП 2020

0

„Мислам дека добивме група во која се наоѓаат релативно израмнети репрезентации. Македонија влегува со нескриени амбиции, а притоа респектирајќи ги сите противници. Македонија не стравува од никого и може да се спротивстави со сите противници, само сплотено и тимски и со огромна поддршка од јавноста. Ние ќе одиме од натпревар во натпревар и се надевам дека ќе стигнеме до крајната цел, а тоа е пласман на Евро 2020. Откако ќе го дознаеме распоредот ќе започнеме со сите потребни активности за анализа и подобра подготовка на квалификациите“, изјави селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Игор Ангеловски, откако ги дозна имињата на противниците во квалификациите за Европското првенство во фудбал во 2020 година.

Македонија е во групата Г заедно со Полска, Австрија, Израел, Словенија и Летонија.

Најдобрите две селекции од секоја од десетте конкуренции ќе обезбедат место на завршниот турнир, останатите четири места ќе бидат пополнети со тимови што ќе победат во четири дивизии во Лигата на нации.

Европското првенство во 2020 година ќе се игра во 12 градови ширум континентот. Ќе почне на 12 јуни догодина и ќе трае до 12 јули. Финалето е закажано на „Вембли“ во Лондон, а покрај англиската престолнина, мечеви ќе се играат и во Баку, Санкт Петербург, Глазгов, Даблин, Копенхаген, Будимпешта, Букурешт, Билбао, Амстердам, Рим и Михнен.

Квалификациите ќе стартуваат во март во 2019 година и ќе траат до ноември.

 

Група А: Англија, Чешка, Бугарија, Црна Гора, Косово.

 

Група Б: Португалија, Украина, Србија, Литванија, Луксембург.

 

Група Ц: Холандија, Германија, Северна Ирска, Естонија, Белорусија.

 

Група Д: Швајцарија, Данска, Република Ирска, Грузија, Гибралтар.

 

Група Е: Хрватска, Велс, Словачка, Унгарија, Азербејџан.

 

Група Ф: Шпанија, Шведска, Норвешка, Романија, Фарски Острови, Малта.

 

Група Г: Полска, Австрија, Израел, Словенија, Македонија, Летонија.

 

Група Х: Франција, Исланд, Турција, Албанија, Молдавија, Андора.

 

Група И: Белгија, Русија, Шкотска, Кипар, Казахстан, Сан Марино.

 

Група Ј: Италија, БиХ, Финска, Грција, Ерменија, Лихтенштајн.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com