Македонската фудбалска репрезентација ја продолжува серијата победи во квалификациите во рамки на Лигата на нации. Вечерва избраниците на Игор Ангеловски го совладаа Лихтенштајн со 4-1 (3-1) па сега им недостига само еден бод за и теоретски да го обезбедат првото место во групата.
Првите два гола ги постигна Александар Трајковски а потоа и капитенот Пандев се запиша во листата на стрелци. Гостите од Лихтенштајн намалија преку Јилдиз, пред крајот на првото полувреме.
И вториот дел започна офанзивно а конечните 4-1 ги постави Езџан Алиоски.
Утре нашата делегација патува за Ереван, а во вторник покрај дуелот Ерменија – Македонија, уште се среќаваат Гибралтар – Лихтенштајн.