Маж кој има желба да го оплоди цел свет

0

27-годишниот жител на Лос Анџелес е татко на 18 деца кои никогаш не ги видел. Кајл Горди на неговата страница на Фејсбук со гордост ги споделува фотографиите со позитивни тестови за бременост. На крајот на краиштата, среќата на еден маж не е да ги воспитува децата, туку да им помогне на жените да ги зачнат, пишува „Мирор“.

Кајл е еден од најпопуларните донатори на сперматозоиди во светот, откако од пред четири години почна да ги рекламира своите услуги на Фејсбук. Тој им помага како на осамените жени, така и на мажи, кои не можат да имаат деца.

„Јас сум мошне популарен дечко, кај мене секој месец доаѓаат околу 100 луѓе. За жал, не можам да им помогнам на сите, но се трудам барем на три жени месечно да ја дарувам својата сперма. Донацијата на сперма ми помага да не го чувствувам притисокот од страна на моето семејство, дека морам да најдам девојка“.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com