Маж и две жени се загинатите во превртениот автобус на „Еуробус“ кај Лесковац

0

Маж и две жени се тројцата загинати во тешката сообраќајна несреќа што се случи ноќеска околу 1.40 часот, кога на влезот во Лесковац, Србија се преврте македонски автобус, пренесе изјава од лесковачката болница српската агенција Бета. Во тек идентификацијата на загинатите. Од македонското МНР најавија дека во текот на денот ќе соопштат официјални детали, објави пред малку Сакам да кажам.

Автобусот е на компанијата „Еуробус“ од Струга, но на телефонот што стои за контакт на нејзиниот вебсајт утрово никој не одговара. „Еуробус“ има посебна линија од Струга за Виена, но вчера појдовна станица била од Битола во 19 часот, а автобусот поминал во 19.30 во Прилеп, потврдија за САКАМДАКАЖАМ.МК од автобуските станици во Битола и Прилеп. Од таму не знаат дали и колку патници имало. Неофицијално, едниот возач е од Битола.

Возачот и совозачот не се повредени, но според Бета, кажано им е дека не смеат да даваат изјави за медиуми. Според Бета, автобусот тргнал од Битола кон Виена, а имало патници од Битола и од други градови од Македонија. Еден од повредените за агенцијата изјавил дека не знае како се случила несреќата оти сите спиеле.

Автопатот кај Лесковац е чистен, но завеан е и на места е замрзнат. Автобусот ја пробил заштитната ограда и се превртел, а во меѓувреме е исправен и околу него дежура полиција и санитетско возило.

Фотографија: РТС

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com