Мадона ја објави првата песна како најава за нов албум (ВИДЕО)

0

Латино ѕвездата Малума и поп кралицата Мадона се обединија и ја снимија песната „Меделин”, која критичарите веќе ја оценија за исклучитечно сензуална.

„Ја запознав Мадона во Њујорк, потоа имав можност да се дружам со неа во Лос Анџелес. Беше во студиото и ѝ се придружив”, рече Малум за дуетот.

Оваа песна ќе биде на новиот албум на Мадона „Мадам X”, кој ќе биде објавен на 14 јуни.

Тие песната ја започнуваат со одбројување, а потоа Мадона продолжува да пее на англиски, додека Малума пее на шпански.

Песната за кратко време собра повеќе од три милиони прегледи на Јутјуб, а се очекува спотот да биде објавен наскоро.

 

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com