Oops! It appears that you have disabled your Javascript. In order for you to see this page as it is meant to appear, we ask that you please re-enable your Javascript!

Мадона и Леди Гага повторно се фатија за гуша (ВИДЕО)

0

Овојпат Мадона не ја обвинува Леди Гага дека ја копира нејзината музика, туку една нејзина изјава од пред 30 години! Имено, во последно време, речиси на секое интервју поврзано со филмот „Ѕвездата е родена“, Лејди Гага ја повторува истата изјава: „Во една просторија може да има стотина луѓе, од кои 99 не веруваат во вас, но тој еден што верува може да ви го смени животот“.

Поради зачестеното повторување, оваа изјава стана главна инспирација за правење шеги и креирање мемиња, а дури се направени и компилации на интервјуа на Гага во кои таа се повторува.

Единствена на која тоа не и е смешно е Мадона, која смета дека Леди Гага ја украла оваа изјава од неа, повикувајќи се притоа на едно свое интервју од осумдесеттите: „Ако има во просторијата 100 луѓе и 99 ми речат дека им се допаднала мојата работа, ќе се сеќавам само на онаа личност која не го кажала тоа“.

Видеото во кое таа го зборува ова го ставила на својата Инстаграм стори, а набргу нејзиниот револт стана хит и на Твитер.

Share.

About Author

Остави коментар

Powered by themekiller.com