Лука Модриќ е прогласен за најдобар фудбалер во светот

0

 

Лука Модриќ, капетанот на хрватската фудбалска репрезентација, е именуван за најдобар фудбалер во светот оваа година во изборот на познатиот интернет портал Goal. Тој освои најголем број гласови во традиционалиот избот на годината, кој секоја година ги рангира 50-те најдобри светски фудбалери, кои ги избираат новинарите и уредниците на 42 изданија на тој интернет портал низ целиот свет.

Во претходните седум години, Goal 50 им беше даван на Кристијано Роналдо и на Лионел Меси. Пред нив во 2010 година го освои Весли Снајдер.

– Многу сум среќен што ја добив оваа награда. Би сакал да им се заблагодарам на сите што гласаа за мене. Чест ми е што ја добив по овие двајца големи играчи – рече Модриќ.

Наградата беше доделена врз основа на гласањето на новинарите на Goal кои пишуваат за фудбал во различни делови на светот. Второто место му припадна на Кристијано Роналдо пред Мохамед Салах, Килијан Мбапе и Лионел Меси.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com