Oops! It appears that you have disabled your Javascript. In order for you to see this page as it is meant to appear, we ask that you please re-enable your Javascript!

Луди фестивали каде што можете да фрлите работи на луѓе

0

 

  1. „Ла Томатина“ – Буњол, Шпанија

Поседната среда од август секоја година, илјадници луѓе се собираат во Буњол, Шпанија и фрлаат домати еден на друг. Приказната вели дека „Ла Томатина“ започнала во 1944, кога деца фрлале домати на лошите музичари во центарот на градот, што ескалирало во тепачка со храна, но никој не знае зошто тоа станало нешто што се одржува секоја година.

  1. „Сонгкран Фестивал“ – Тајланд

Ако барате повод да се вратите во детството и да играте со балони полни со вода, тогаш Тајланд, поточно градовите Чијанг Маи, Бангкок и Пукет, се идеалните места за вас, од 13-15 април секоја година. Луѓето користат балони, пиштолчиња, легени, кои ги полнат со вода, бидејќи според будистичката традиција, водата има прочистувачки карактеристики и ги протерува злите духови.

  1. „Битката на Портокалите“ – Ивреа, Италија

Самото име кажува за што се работи, меѓутоа интересно е дека почетоците на овој фестивал се во 1808 година, кој започнал како револт на жителите на италијанскиот град. Секоја година фестивалот се одржува во првата недела од март, кога околу 4.000 натпреварувачи се собираат за да го поминат целиот ден го фрлање портокали.

  1. „Харо Вински Фестивал“ – Ла Риоха, Шпанија

Учесниците на овој фестивал се опремуваат со шишиња црвено вино, се искачуваат на планина и го истураат виното едни на други. Прославувањето започнало по борба од 13 век, кога регионите Харо и Миранда де Ебро се бореле за нивните граници. Тогаш жителите на Харо прославувале само со здравица, меѓутоа со тек на годините прераснала во „тепачка“ со вино. Настанот се одржува секоја година на 29 јуни, со почеток од 7 часот наутро! По напорниот ден луѓето се собираат и танцуваат до доцните часови.

  1. „Холи“ – Индија

Можеби една од најзабавните и енергични прослави во светот, кој се одржува 20 и 21 март, „Холи“ се нарекува и „Фестивал на бои“, бидејќи на вториот ден, учесниците се спојуваат во голем број низ цела Индија за да се покриваат едни со други со светла боја во прав. Оваа традиција е вкоренета во љубомората на хинду божеството Кришна над светлата боја на кожа на неговата сестра Радха (Кришна е доста син). Кога Кришна се пожали на својата мајка Јашода за оваа неправда, таа наводно одговорила дека Кришна може да го наслика лицето на својата сестра каква што сакала. Боите кои се користат за време на фестивалот носат значење; црвената боја ја симболизира љубовта, плодноста и бракот, додека сината го претставува Кришна.

Share.

About Author

Остави коментар

Powered by themekiller.com