Луди причини поради кои можете да завршите во затвор во Европа

0

Рециклирање во недела

Недела може да ви се види како добар ден да го оставите отпадот за рециклирање во локалните корпи, но никако не го правете тоа ако живеете во Швајцарија, или може да завршите со огромна парична казна или дури и затворска казна.

Употреба на бормашина во недела

Немојте ни да помислите да направите некој од „направи сам“ проектите во недела ако живеете во Германија. За Германците „недела е ден на одмор“ и тоа го сфаќаат многу сериозно. Продавниците се исто така затворени и немате друг избор освен да седите дома и да уживате.

Носење апостолки додека возите

Доколку сте во Шпанија, не носете апостолки или какви било обувки кои се отворени кај прстите или кај петите, а особено не смеете да возите боси. Возачите може да се соочат со парична казна од 200 евра.

Неносење на пренослив алкометар

Во Франција секој возач е задолжен со закон да носи свој пренослив алкометар во автомобилот – туристите се вклучени.

Одење преку ред

Британците во никој случај не се совршени, но по оваа навика се апсолутни победници. Не се ни обидувајте да одите преку ред ако чекате да купите карти за метрото во Лондон, бидејќи вие всушност ќе го прекршите законот.

Играње шах додека водите љубов

Се разбира, ова хоби не е за секого и потребно е доста маневрирање и вештина, но играње шах додека водите љубов е забрането во Талин, Естонија.

Хранење на гулаби

Заборавете на вашите сништа да ја имитирате сцената од Мери Попинс, барем во Венеција, бидејќи таму е забрането да се хранат гулабите. Италијанскиот град го има донесено овој закон во 2008 година и казната може да изнесува до 700 долари.

Шетање со високи потпетици

Во Грција, носете рамни обувки додека ги разгледувате историските знаменитости, бидејќи високите потпетици се забранети на неколку антички споменици поради сериозната штета што може да ја направат.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com