Лудило во САД: Најголемиот џекпот во историјата

0

 

Очекуваниот награден фонд на американската лотарија „Мега милиони“  премина повеќе од  1 милијардаа и 600 милиони долари, што го прави најголемиот џекпот во историјата на Америка.

Бидејќи главната награда од една милијарда долари не беше извлечена во петокот вечерта, износот што среќниот победник би можел да го освои во вторник значително се зголеми, изјавија официјалните лица.

Рекордната добивка нарасна до огромни размери бидејќи никој не го извлекол џекпот уште од 24 јули, кога група граѓани освоија 543 милиони долари.

Тикетот чини два долари, а шансата дека еден од играчите ги погодува сите шест броја е исклучително мал – еден на 302.5 милиони.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com