Лионел Меси пак во невоља

0

Се шпекулира дека најдобриот аргентински фудбалер Лионел Меси, може да има проблеми во својата татковина. Аргентинскиот обвинител, Пабло Туран го обвинува напаѓачот на фудбалскиот клуб „Барселона“ за перење пари.
Според обвинителот, Лионел Меси заедно со неговиот татко Хорхе, преку добротворната фондација „Лео Меси“ се откажале од плаќање данок. Донациите добиени од фондот не биле потрошени за добротворни цели, тие биле префрлени на непозната странска сметка. Основа за таквите обвинувања беа сведочењата на поранешните вработени во добротворната фондација.
На Меси не му е прв пат да се соочи со вакви проблеми, слично се случи во 2017 година во Шпанија, кога судот го осуди фудбалерот на 21 месец затвор поради затајување данок. Лионел успеа да избегне затворска казна, но не и парична, па мораше да ги плати исчезнатите средства. Но, дали овој пат ќе успее да се спаси?

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com