Лили Ален ја нападнала Зои Кравиц

0

 

Кога Зои Кравиц присуствуваше на „Watch What Happens Live With Andy Cohen“, еден обожавател од публиката и поставил прашање- Дали Лили Ален ја предупредила дека ќе напише за нивниот меѓусебен бакнеж во своите мемоари „My Thoughts Exactly“.

На тоа познатата глумица Зои само одговорила: „Која е Лили Ален?“.

Ален во својата книга, која беше издадена во септември, напиша дека таа и Кравиц „излегоа на забава која завршила со бакнување“, додека биле на турнеја во 2014 година. Номинираната за „Греми“ тој период беше во брак со Сем Купер.

„Ако под бакнување, таа подразбира напаѓање. Потоа да, таа ме бакна. [Таа] ме нападна“,  додаде потоа Зои, иако Ален во нејзината книга го прикажува бакнежот како да е нешто што Кравиц го посакувала.

Коен потоа праша дали Кравиц ја читала мемоарската книга на Лили. Без двоумење, таа одмавна со главата и едноставно рече: „Не мислам дека некој ја прочитал книгата“.

Зои Кравиц пред еден месец откри дека е верена со своето момче Карл Глусман со месеци: „Сакав да ја задржам веста во приватност“.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com