Лејди Гага нема среќа во љубовта – ја раскина свршувачката

0

Лејди Гага (32) и нејзиниот менаџер Кристијан Карино (50) ја прекинаа свршувачката. „Едноставно не одеше. Во таква ситуација најдобро е да се прекине врската без драма“, потврди пријател на познатата пејачка и актерка за списанието People.

Гага и Карино ја почнаа врската во 2017, а само по неколку месеци почнаа да се шират гласини за нивната веридба. Гласините дека веридбата е прекината почнаа да се шират по 10 февруари на доделите на наградата Греми, кога Гага не го носеше вереничкиот прстен.

Веднаш потоа почнаа да се шират информации за нејзината нова тетоважа, посветена на колегата од филмот „Ѕвездата е родена“, Бредли Купер (44) .

Гага , под вистинското име Стефани Германота е номинирана за Оскар во категорија за најдобра актерка.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com