Лазаревски: Сензитивни таргети во прислушувањето биле братот и сопругата на Сашо Мијалков

0

Со испрашување на сведокот Ѓорѓи Лазаревски денеска во Кривичниот суд продолжи рочиштето за предметот на СЈО „Таргет-Тврдина“, објави Телма.

На прашање од обвинителот на СЈО, Артан Ајро, кој бил сензитивен таргет, Лазаревски рече дека постоеле два таргета, едниот бил Влатко Мијалков – брат на Сашо Мијалков, а вториот Александра Мијалкова сопруга на Сашо Мијалков

Ајро го праша сведокот кој ги префрлал фајловите од формат што е неразбирлив во формат што може да се отвори на кој било компјутер, на што тој рече дека направил софтвер што ги чита Мета податоците во „X-ML” формат што содржи тагови кои определуваат битни содржини за одредена комуникација. Со таа активност бил добиен бројот на таргетот и времетраењето на комуникацијата.

Пред да му ги даде на Верушевски, како што Лазаревски, ги систематизирал податоците, односно го бришел само префиксот на македонските броеви и во табелите останувале само македонски броеви. Целта на Лазаревски и Костовски била да докажат дека во МВР се вршеле нелегелни снимања на разговори и затоа снимките му ги давале на Верушевски. Форматирањето го вршел Звонко Костовски на службен компјутер, а потоа Лазаревски од дома ги досредувал.

Лазаревски рече дека при копирањето на логовите од системот не се остава трага, бидејќи копирањето било направено директно од диск. Пред судот кажа дека на Верушевски му предал околу 800 гигабајти материјали.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com