Кучето кое ги преживеало пожарите во Калифорнија се врати дома

0

Кучето кое успеа да ги преживее огромните пожари кои минатиот месец ја зафатија Калифорнија, ги изненадило сопствениците кога се враќале во нивниот поранешен дом и го нашле таму како ги чека.

Компанија која работи на спасување на животни на Фејсбук ја раскажуваат приказната за среќното семејство: „Родителите на Медисон не можеа да се вратат дома кога се ширеше пожарот. Тие се надеваа и се молеа дека ќе биде во ред. Кога конечно добија дозвола да се вратат каде што нивната куќа некогаш постоеше … Медисон чекаше таму како да го штити својот поранешен дом. Никогаш не се откажувајте!“.

Сопственикот на Медисон, Андреа Гајлорд, изјави: „Замислете ја лојалноста на преживување на најлошите околности и уште да се вратите таму и да чекате, беше толку емотивно“.

Пожарите започнаа на 8 ноември и зафатија преку 150.000 хектари земјиште пред да бидат целосно изгаснати на 6 декември. Илјадници луѓе беа принудени да ги напуштат своите домови, бидејќи стотици пожарникари неуморно работеа за да го контролираат пламенот. Осумдесет и пет лица ги загубија своите животи во пожарот, а тројца пожарникари беа повредени.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com