Oops! It appears that you have disabled your Javascript. In order for you to see this page as it is meant to appear, we ask that you please re-enable your Javascript!

Крис Прат е на диета инспирирана од Библијата!

0

Крис Прат оваа недела откри дека ја започнува диетата наречена „Daniel Fast“ – интензивна, веројатно опасна диета која ветува дека ќе им помогне на „приврзаниците“ да изгубат тежина и „да се приближат кон Бога“.

-Здраво, Крис Прат тука. Трет ден од „Daniel Fast“ – изјави Прат во видео-снимка која ја објави на својот Инстаграм профил во петокот. Тој објаснува дека диетата трае 21 ден и е инспирирана од библискиот Даниел, кој во Стариот завет поминал 21 ден на зеленчук и вода. Оваа екстремно рестриктивна диета се состои само од „храна што се создала од семе“ и вода. Зеленчук, овошје, ореви, здрави масла се дозволени, но не се дозволени животински производи, млечни производи или цврсти масти.

Според веб-страницата на „Daniel Fast“, диетата е „слична на веганска исхрана со дополнителни ограничувања“. Експертите велат дека на ваквата исхрана и недостасуваат голем број неопходни хранливи материи, на пример протеини, поради што започнувањето на ваква диета според нив е лоша идеја.

Share.

About Author

Остави коментар

Powered by themekiller.com