Кривична пријава за братот на лицето кое ги прегази полицајците за ширење омраза на Фејсбук

0

„Брате зошто не ги утепа сите“… за овој пост на Фејсбук, братот на лицето кое прегази полициски службеници заработи кривична пријава за поттикнување омраза и нетрпеливост. МВР утврдило дека се работи за братот на пијаниот возач кој во несреќата усмрти еден полициски службеник, а полициски практикант се бори за живот. Возачот исто така е во болница.

„На 22.04.2018 СВР Куманово поднесе кривична пријава против И.Ј. (43) од с.Пелинце, о.Старо Нагоричане поради сомнение дека сторил кривично дело „Ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“ член 394-г ст.1 од КЗ на РСМ. Делото го сторил на 21.04.2019 преку социјалната мрежа Фејсбук“, велат од МВР.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com