Креаторите на „Пиратите” го продадоа Џони Деп за жена

0

 

Компанијата „Волт Дизни“, која е сопственик на франшизата „Пиратите од Карибите“, му ја откажа натамошната соработка на Џони Деп, кој го игра капетан Џек Спароу.

Претходно ова го соопшти еден од творците на серијата, сценаристот Стјуарт Бити, кој додаде дека филмската компанија планира да го смени изгледот на „Пиратите од Карибите“ поради нискиот профит од претходниот дел.

Веројатно, заплетот на шестото продолжение ќе биде изграден околу пиратката Ред, која се појавува како една од атракциите во Дизни парковите.

Продуцент на серијалот е Џери Брукхајмер. Режисерот се уште не е познат, а учеството на Орландо Блум и Кира Најтли не е потврдено. Датумот на премиерата – приближно 2020-2021 година.

„Пиратите од Карибите” – една од најуспешните филмски франшизи. Петте филмови од серијата заработија 4,5 милијарди долари на благајната.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com