Кралскиот клуб добива нов кормилар

0

Антонио Конте е наследникот на Хулен Лопетеги на жешката клупа на Реал, откако успеа да ги отстрани сите правни пречки поврзани со договорот со неговиот претходен клуб.

Потврдата за смена на кормилото на кралскиот клуб ја донесува италијански Медиасет, кој тврди дека Антонио Конте утринава се спогодил со Челзи, со кој е на суд по бурниот развод во август, по што се одрекол од остатокот на отштетата (9,5 милиони фунти) кои според договорот требаше да ги исплати клубот од Стемфорд Бриџ.

Воедно, се поништи и клаузулата дека до крајот на сезонава тој не можеда преземе да тренира друг клуб, така што тој може да ја продолжи кариерата каде што сака. Ако е тоа вистина, тогаш не постојат правни пречки тој да го преземе новиот клуб, а тоа е токму Реал, како што се нагаѓа во фудбалските кулоари повеќе од еден месец.

Кралскиот клуб е во резултатска криза од почетокот на сезонава, а Медиасет тврди дека претседателот на Реал, Флорентино Перез веќе го одработил усмениот договор со Италијанот, кој на Челзи му ја донесе титулата првак на Англија веќе во првата сезона.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com