Кралската внука ја спасуваа со хеликоптер

0

Страшен момент на страв доживеа принцот Чарлс и неговата сопруга Камила. Нивната мала внука, Елиза, доживеала непријатен настан и мораше да биде доведена со хеликоптер итно во болница. За настанот раскажувала Камила за време на нејзината посета на Службата за воздухопловно спасување во Велс. Таа не откри детали за случајот, но призна дека буквално бил во прашање животот на нејзината внука, Елиза.

“Сакам од срце да им се заблагодарам на оние кои спасуваат животи. Сама можев да почувствувам како тие се грижат за другите, благодарение на нивната работа беа спасени и многу мои пријатели. Тие се погрижија и за внука ми. Мојата ќерка, која леташе заедно со Елиза до болницата им е бескрајно благодарна за грижата и брзата реакција “, открива Камила, која има од претходниот брак со Ендрју Паркер ќерка Лаура и син Том.

Спасувачката служба одбила да го коментира инцидентот со малата Елиза со мотив дека се работи за приватниот живот на пациентката и нејзините роднини. Девојчето, ќерка на Лаура, беше деверуша на свадбата на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com