Кралот Елвис го сопре сообраќајот во Фридберг

0

Силуети на Елвис Присли се појавуваат на семафори во градот Фридберг, Германија, каде што тој беше стациониран како американски војник од октомври 1958 до март 1960 година.

Градот Фридберг, деновиве инсталираше три пешачки семафори кои вклучуваат слики на кралот на рокен ролот. Црвеното светло го прикажува Присли на микрофон, додека светлото за движење го прикажува во неговиот познат танц, при што колковите се вртат.

Слики на Елвис Присли досега се користеа и за создавање на акциони фигури, светилки за читање и Божикни орнаменти. Негови слики имаат украсено чорапи, влечки и сапуни – и безброј други производи во текот на децениите откако американската рок-легенда стана славна.

За време на престојот во Фридберг, град лоциран околу 25 километри северно од Франкфурт, Присли ја сретнал својата идна сопруга, Присила Болие. Фридберг и блискиот град Бад Наухајм, каде што живеел Присли за време на воената служба, сакаат да ги задржат своите врски со славниот пејач. Во Бад Наухајм, туристите можат да ја видат куќата каде што Присли престојувал за време на неговото распоредување (иако не можат да влезат во неа).

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com