Кољо до Вељаноски: Спиете ли мирно, оти ја знаете вистината за 27 април, а не ја кажувате

0

„Ниту сум помислил, ниту сум кажал на некој да се отворат вратите, бидејќи знам што значи институцијата Собрание“, рече поранешниот претседател  на Законодавниот дом Трајко Вељаноски во неговото сведочење за 27ми април. Тој беше предложен како сведок од обвинетиот Горан Ѓошевски –Леви, кој му бил лично обезбедување на Вељановски 9 години.

Поранешниот претседател, одговарајќи на прашања на судијката Добрила Кацарска, рече дека не бил запознаен со фактот дека во Собранието се движат лица со фантомки на главата, ниту пак за тоа го известил шефот на неговото обезбедување, Ѓошевски.

Вељаноски избегнуваше да ги одговори и прашањата на дел од обвинетите, што мисли тој, дали бил легитимен изборот на сегашниот претседател на Собранието, Џафери. Тој само одговори дека на 27ми април откако ја затворил седницата, се понатаму било спротивно на собранискиот Деловник.

„Спиете ли мирно, господине Вељаноски, и имате ли малку грижа на совест за сите нас што сме овде во судницава, бидејќи ја знаете цела вистина за 27 април, а не сакате да ја кажете овде пред сите?”, го праша обвинетиот Никола Митревски Кољо поранешниот собраниски спикер откако тој го заврши својот исказ за настаните од 27 април.

Но Вељаноски не одговори на ова прашање бидејќи судот го прифати приговорот на адвокатката на обвинетиот Горан Ѓошевски, Ружица Николовска, дека прашањето е за личните емоции, а тие биле небитни за постапката.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com