Кој ќе биде следниот домаќин на Светското првенство во 2030 година

0

Пред 3 месеци заврши Светското првенство во фудбал во Русија, кое што беше многу успешно организирано. Додека ние сме уште под импресии од овогодишното првенство, ФИФА веќе постепено почнува да се подготвува и за она што ќе се одржи во 2030 година.
Уште три земји се подготвени да се приклучат во борба за правото да бидат домаќини на Светското првенство во фудбал. Трите балкански земји – Грција, Србија, Бугарија, заедно со Романија имаат намера да поднесат заедничко барање за домаќинство на најголемото светско фудбалско натпреварување. Оваа одлука беше донесена на состанокот кој се одржи во Бугарија, во градот Варна, каде учествуваа премиерите на Бугарија, Грција и Романија и претседателот на Србија.
Заедничко барање исто така подготвија и уште три држави од Јужна Америка – Уругвај, Аргентина и Парагвај. Во оваа битка учествува и Англија, но Британците сеуште немаат одлучено дали ќе се кандидираат сами или во друштво со Шкотска, Велс, Ирска и Северна Ирска.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com