Кој ќе биде новиот Џејмс Бонд

0

Британскиот актер Доминик Вест („Томб Рајдер: Лара Крофт“) даде многу интересен предлог за новиот Џејмс Бонд. Тој предложи во новиот дел на „Џејмс Бонд 007“ актерот кој ќе ја има главната улога да биде Хана Граф, која е трансексуалец. Ова беше објавено од страна на „Дејли Телеграф“.

Доминик Вест изјави дека Хана Граф би била најдобра замена на Дениел Крег. Таа моментално ја има една од најдобрите позиции во британските вооружени сили. Граф служи во инженерската војска со титула на капетан.

Претходно беше објавено дека научниците од Универзитетот во Отаго од Нов Зеланд му дале дијагноза – алкохолизам кај Џејмс Бонд. Тие дојдоа до овој заклучок по гледањето на сите филмови на 007. За време на целото снимање, Бонд се напил 109 пати (4,5 пати за еден дел).

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com