Oops! It appears that you have disabled your Javascript. In order for you to see this page as it is meant to appear, we ask that you please re-enable your Javascript!

Кој каква шапка носеше на кралската венчавка

0

 

Кејт Мидлтон

Кејт носеше бургунди плишана баретка од дизајнерот Филип Трејси.

Кралицата Елизабета

Кралицата се појави во ледено сина шапка со бели цветови во предниот дел заедно со капут од кашмир и фустан од Ангела Кели.

Принцезата Беатрис

Наместо со фасцинатор, принцезата Беатрис носеше пурпурна лента за коса.

Наоми Кемпбел

Наоми Кемпбел го комплетираше нејзиниот целокупен ансамбл со соодветен фасцинатор на Филип Трејси со голема црна роза на предната страна.

Меган Маркл

Војвотката од Сасекс искомбинира морнарско син фустан и капут од Живанши со сина шапка со пердуви од Ноел Стјуарт.

Сара Фергусон

 Мајката на невестата носеше впечатлива широка шапка од Џес Колет Милинер.

Пипа Мидлтон

 Пипа Мидлтон, во деветиот месец од својата бременост, носеше смарагдно зелен фустан до колена со шапка со панделка како детаљ од Џејн Тејлор.

Деми Мур

Актерката, која изненадно се појави на свадбата, носеше лента врзана во вид на панделка од Филип Трејси.

Кара Делевин

Британската актерка и манекенка се појави во црно класично одело со црна топ шапка.

Ели Гулдинг

Пејачката го комплетираше својот светло син изглед со едноставен тркалезен фасцинатор со пердуви.

Лив Тајлер

Морнарско синиот фасцинатор на актерката беше украсен со панделка на страна и со мрежа во предниот дел.

Софија Велесли и Џејмс Блант

Сопругата на Џејмс Блант носеше црна шапка со мрежа која покриваше половина од нејзиното лице.

Челси Дејви

Поранешната девојка на принцот Хери ја придржуваше својата шапка поради силниот Виндзорски ветер.

Share.

About Author

Остави коментар

Powered by themekiller.com