Кој е човек на годината на „Тајм“?

0

Уредниците на списанието „Тајм“ го објавија победникот во номинацијата „Човек на годината“. Овој пат сопственик на престижната титула не е една личност туку неколку. Наградата ја добија цела група новинари вклучувајќи го и убиениот Џамал Кашоги, како и целата редакција на весникот „Капитал Газете“

Покрај Кашоги, уште тројца новинари ја добија истата титула – Марија Реса и новинарите од агенцијата „Ројтерс“, Ва Лоне и Кјау Сое Оо,  а исто така и весникот „Капитал Газете“.

Американскиот претседател Доналд Трамп заврши на второто место. Третото место го освои специјалниот обвинител во случајот со „мешањето на Русија“ на изборите во САД, Роберт Мулер.

Претходно беше објавено дека рускиот претседател Владимир Путин е исто така на кратката листа на кандидати.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com