Кој е најдобар филм за 2018 според „Националниот совет на кинокритичари“

0

Претставниците на „Националниот совет на кинокритичари“ во Соединетите Американски Држави, за најдобар филм за 2018 година го избраа филмот на режисерот Питер Фарели, „Зелената книга“ . Според веб-страницата на организацијата, експертите ја забележаа и ја пофалија содржината на филмот, која што илустрира „топлина и прекрасна демонстрација на едно пријателство”.

Филмот „Зелена книга“ се базира на вистински настани. Главната тема на филмот е пријателството помеѓу груб шофер и музичар од црна раса, кои заедно одат на турнеја низ САД. Целиот филм се одвива во 1960-тите, време во кое во поголемот број држави цвета расизамот. Главни улови во филмот имаат актерите Махершала Али, Виго Мортенсен, Линда Карделини.

Наградата за „Најдобар режисер“ во 2018 година ја доби Бредли Купер за филмот “Ѕвездата е родена”.  За најдобар актер беше награден Виго Мортенсен, а актерка  -Лејди Гага.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com