Кој го подгрева Балканското буре барут?

0

Потпретседателот на српската Влада и министер за внатрешни работи, Небојша Стефановиќ, ги повика владите на Македонија, Црна Гора и на Босна и Херцеговина да се изјаснат што мислат за предлогот на потпретседателот на косовската влада, Енвер Хоџај за ,,пакт против Србија“. Тој го оцени повикот на Хоџај за ,,непријателски акт против Србија и нејзините граѓани“ и поттик за дополнителна нестабилност на регионот.

,,Добро би било да слушнеме што мислат тие земји за оваа отворена агресија кон Србија од страна на Косово, дополнителна нестабилност за регионот и омраза насочена кон Србија и српскиот народ“, изјави Стефановиќ за ТВ Пинк.

Тој вели дека Србија ништо лошо нема направено , туку само им помагала на Македонија, Црна Гора и Б и Х.

,,Вложувавме наши пари и градевме училишта во Босна и Херцеговина. Македонија ја нарекуваме со име кое таа само си го избра, иако нашите пријатели Грци секогаш ни се лутат заради доа“-вели Стефановиќ.

Претходно во Скопје се огласи пратеникот и претседател на демократска партија на Србите во Македонија, Иван Стоилковиќ, упати прашање до премиерот Заев, по повод изјавата на косовскиот вицепремиер, Енвер Хоџај:

“На чија страна сте Вие господине Заев и чии интереси браните и застапувате, на Република Македонија или на големоалбанскиот шовинизам, дали застапувате регионална соработка и стабилност или по теркот на фашистичкото минато ја впрегнувате Македонија во отворено непријателство кон српскиот народ и Србија?”.

Повод за ваквите реакции беше изјавата на Хоџај во интервју за „Вечерњи лист“ дека им предложил на раководствата на Македонија , Црна Гора и Хрватска да формираат пакт против Србија. Тој ја нападна Србија во интервјуто и ја прогласи за дестибилизатор на регионот. Според него, Србија ја продолжува агресивната кампања кон Косово и затоа со неа треба да се разговара со јазикот на силата.

,,Србија ја продолжува агресивната кампања на меѓународен план. Ако не е скарана со Косово, тогаш е со Македонија, или со Црна Гора, или со Хрватска. Србија има добри односи само со Република Српска, зарем тоа не е чудно? Во неколку наврати , за време на мојот престој во Македонија, Црна Гора и Хрватска со тамошните раководства разговарав да формираме пакт против Србија“-изјави Хоџај за Вечерњи лист.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com