Која е Росалинда денес?

0

Семејството е на прво место за Талија! Понатата мексиканска глумица и пејачка, за нас позната како Росалинда од истоимената серија, во едно интервју зборуваше за нејзините најголеми достигнувања – нејзините две деца со сопругот Томи Мотола, нејзината ќерка Сабрина (11) и нејзиниот седумгодишен син Метју. Вели дека нејзините деца преземале многу нејзини, но и особини на нејзиниот сопруг.

-Мојата ќерка е интензивна – многу интензивна – како мене. Ја разбирам, бидејќи го знам интензитетот на нејзините чувства. Јас можам да ја „прочитам“ совршено, бидејќи таа е мој одраз. Сепак, таа е своја личност – таа е независна, уникатна, прекрасна. Мојот син е многу прагматичен, многу објективен, многу јасен, многу точен. Тој повеќе личи на татко му (се смее). За мене, тоа е најголемиот подарок- комуникацијата со моите деца – кои веќе се на возраст каде што ги отвораат своите мали срца, ги покажуваат своите слабости. Тие почнуваат да развиваат односи со други деца во училиште: „Ме третираше лошо, денес не се поздрави, имам нов пријател …“ Треба секогаш да бидеме свесни како тоа што го кажуваме некому ќе влијае на таа личност во иднина.

Додека остана фокусирана на нејзините деца, пејачката ја одржуваше својата кариера. Талија создаде корени во повеќе области, вклучувајќи музика, мода и бизнис. Страстите ја инспирираат да продолжи да работи:

-Се чувствувам како да започнувам одново. Верувам дека секој е благословен со фактот дека секој ден може да почне од нула. Зависи од тоа како вие го создавате патот по кој сакате да чекорите и да уживате. Во моментов јас сум на многу позитивно место, со многу радост, подготвена да ги прифатам нештата како што доаѓаат, затоа што тие се таму, за да ни помогнат, да нè натераат да се развиваме.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com