Која е најбогатата британска ѕвезда под 30 години?

0

Британската пејачка Адел (30) трета година по ред ја зема титулата на најбогата британска ѕвезда под 30 години според листата на списанието „Хит“ (Heat). Проценето е дека нејзиното богатство изнесува 147,5 милиони фунти (164,7 милиони евра).
Според наведениот магазин, Адел претходната година го зголеми своето богатство за околу 15 милиони фунти.
На второто место на листата се најде пејачот Ед Ширан со 94 милиони фунти (105,3 милиони евра), а на третото место е „Хари Потер“- Даниел Редклиф, со 87 милиони фунти (97,5 милиони евра).
Следат глумицата Ема Вотсон и актерот Џон Бојег.
Адел, добитичката на 10 „Греми“ награди, заработила милиони од минатогодишната турнеја, која заврши во 2017 година, а истата година добила 9 милиони фунти од продажбата на албуми.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com