Која дестинација е најдобра за секој месец од годината

0

Селекцијата е направена според неколку критериуми: број на туристи (што помалку-тоа подобро), клима (што потопло-тоа подобро) и доколку токму таму се случува некој фестивал тој месец.

Јануари- Севиља, Шпанија
Севиља е одличен избор за ова време од годината, кога во најголем дел од европските градови температурите се под нулата. Овде температурите се приближуваат до 20 целзиусови степени во јануари, а луѓето во текот на денот се шетаат и без јакна. Слободно излезете на прошетка по маици со куси ракави до познатата катедрала на „Плаза де Еспања“, восхитувајќи се на околината.
Февруари- Венеција, Италија
Можете да ја посетите во текот на летото со останатите туристички орди, но зошто да не се искористи месецот на карневалот? Планирајте однапред и купете карти однапред за една од многуте вечерни гали. Февруари претставува неверојатно време за да се види толку убав град. Со избегнување на Венеција во текот на летото, ќе се спасите од масивно потење (влажност плус толпи луѓе) и непријатните каснувања од комарци.
Март-Минхен, Германија
Минхен е неверојатен град што мора да го посетите. Ако не поднесувате гужви, тогаш дефинитивно не се препорачува посета на овој град за време на „Октоберфест“. Зошто да не ги видите сите убавини на еден голем град додека уживате во неверојатно пиво? Во март ја имате таа шанса бидејќи за време на овој месец Минхен е домаќин на фестивалот на силно пиво.
Април – Далматинско крајбрежје, Хрватска
Ако одите во Хрватска во текот на летото, имајте на ум дека толпите се упатуваат кон градовите и плажите, и ризикувате да го пропуштите искуството на култура и релаксација. Во април се уште можете да се восхитувате на водопадите во Националниот парк Плитвички Езера и да шетате по ѕидовите на Дубровник без огромен број туристи.
Мај-Санторини, Грција
Како што се зголемуваат температурите, така се отвораат сите атракции, а сепак во овој месец се уште избегнувате масовни толпи. Санторини има најдобар амбиент за романтичен одмор. Заедно со вашите љубени можете да уживате во неверојатното зајдисонце во Оја.
Јуни- патување низ Исланд
Исланд има сиромашен ноќен живот, но прекрасни пејзажи, па зошто да не одиме кога денот е најдолг? Во јуни има 22 часа дневна светлина и два часа послабо светло. Можете да фотографирате неверојатен водопад без блиц во три наутро! За најдобра авантура, изнајмете камп комбе и возете на сите 900 милји од кружниот пат. Камперот со кревети и кујнска опрема ви заштедува огромни пари за сместување и храна, а Исланд има кампови насекаде да се одморите и да ја надополните вашата електроника.
Јули-Лисабон, Португалија
Добредојдовте во најпрометниот европски месец за патување. Морето на луѓе поминува низ континентот, па фокусирајте се на помалку посетени градови. Една од најголемите мистерии е зошто Лисабон не е попопуларен. Уживајте во културата и прекрасната музика Фадо, за да го доживеете целосното искуство од овој прекрасен град.
Август – патување низ Шкотска
Никогаш не би ја посетувале Шкотска заради посебно пристојни временски услови, па август е исто толку добар колку и секој месец, но носи една предност- ова е месецот кога во Единбург се одржува „Фринџ Фестивал“, прослава на музика, уметност и култура. Дефинитивно мора да ги вклучите и некои од прекрасните села во вашето патување.
Септември- Јужна Франција
Септември е одлично време да ја посетите Јужна Франција за да ги избегнете летните гужви. Направете ноќно патување до Авињон и посетете го Пон ду Гард, поминете неколку дена и ноќи релаксирајќи се на француските плажи и посетете го потценетиот мал град Касис, каде што можете да одите на брод турнеја на прекрасните каланки.
Октомври – Барселона, Шпанија
Барселона навистина е град за сите. Тешко е да не ја цениме архитектурата на Гауди, но не заборавајте да ги купите билети на Саграда Фамилија онлајн однапред за да избегнете долго чекање. Предјадењата, пијалаците и ноќниот живот се неспоредливи, а во текот на октомври не е невообичаено дневните температури да надминуваат 20 Целзиусови степени.
Ноември – Малта
Еден ден овој скриен дијамант ќе биде целосно откриен. Не го гледај ова само како одморалиште, бидејќи историјата на земјата е огромна. Дали знаевте за значителното учество на Малта во Втората светска војна? Дали знаевте дека најстарите вештачки градби, постари од Стоунхенџ, живеат на островот Гозо? Знаете ли за пропаднатиот проѕирен прозорец, уникатна карпеста формација која се распадна за време на бура претходно оваа година.
Декември – Виена, Австрија
Никој град не го доловува Божиќниот дух како Виена во декември. Можеби е тоа поради слушањето на Моцарт додека шетате низ еден од многуте божички пазари или пак мирисот на топло вино и цимет. Јавниот транспорт овде е извонреден и лесно и брзо може да се снајдете до многуте музеи и палати во градот. За волшебна вечер, резервирајте карти во Операта и чувствувајте се како во бајка.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com