Oops! It appears that you have disabled your Javascript. In order for you to see this page as it is meant to appear, we ask that you please re-enable your Javascript!

Коски и кожа: Фотографиите на една од најбараните манекенки ги загрижуваат нејзините фанови

0

 

Еден од најбараните модели се соочува со критики дека е премногу тенка, откако објави фотографии во долна облека за подготовките за новата модна ревија американски бренд „Викторија Сикрет“. Галеријата фотографии која што Бела Хадид ја постави со црна долна облека и чизми до колено со змијски дизајн, ги подели мислењата на фановите. Дел од нејзините фанови загрижени за неа, бидејќи таа изгледаше многу слаба на фотографиите и нејзините ребра беа забележливи.

– Коски и кожа. Втората слика навистина ме загрижи – стоеше во коментарите, додека други го критикуваше американскиот бренд за поттикнување на другите девојки и промовирање целосно нереален изглед.

-Бела е убава, но на овие фотографии изгледа преслабо и се плашам дека тоа ќе влијае на жените кои не се задоволни со своето тело.

Иако Бела не одговори директно на коментарите, таа во својот статус додаде дека сите тела се разликуваат и реагираат различно на вежбање и здраво јадење.

Реакциите на нејзините фотографии пристигна откако брендот „Викторија Сикрет“, кој пред неколку дена ги најави моделите кои оваа година ќе ги носат нивните креации на шоуто, беше критикуван поради тоа што не се вклучени жени со различни величини. Многумина го посочија очигледното – дека моделите се редовно слаби жени, а како што неодамна споделивме на нашиот портал, моделот  Робин Лоули ги повика сите да ја бојкотираат модна ревија, додека „Викторија Сикрет“ не започне за да ги претставува сите жени на модна писта.

Брендот и во претходните години, исто така, беше подложен на критики, но тогаш поради ангажманот на претежно бели жени, па за оваа година се избрани 19 модели од други раси. Покрај тоа, новата колекција на долна облека, ќе ја носи и Вини Харлоу модел со витилиго, што е прв пат за брендот да се вклучат со депигментација на кожата.

Share.

About Author

Остави коментар

Powered by themekiller.com