Кортни Кокс и Том Селек сликани во бар во Њујорк: „Што ќе рече Чендлер?!“

0

Тие беа во љубовна врска во серијата „Пријатели“ пред Моника и Чендлер воопшто да почнат тајно да се гледаат. И Кортни Кокс и Том Селек беа повторно видени заедно кога се сретнаа во бар во Њујорк во вторникот. Состанокот меѓу Моника и Ричард беше фатен на снимката од Клаудија Ошри која беше споделена на Твитер со наслов: „Забележани во Њујорк: д-р Ричард Бурк и Моника Гелер весело се дружат еден со друг. Шок. Што ќе каже Чендлер?“.

Во видеото, Кортни седи во барот додека Том оди до неа за да се поздрави и тие се прегрнуваат. Поранешните соработници изгледаат многу среќни што се гледаат. И фановите беа воодушевени да ги видат двајцата заедно. „Може ли да бидам повозбуден?“, напишал обожавател како имитација на нешто што Метју Пери би го кажал во својата улога Чендлер.

Сè уште нема збор од Метју Пери во врска со оваа интересна ситуација.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com