Концерт по повод 100 години од раѓањето и 70 години во етерот на Никола Бадев

0

 

В четврток (15 ноември ), во Салонот на Македонската Опера и Балет со почеток во 20 часот ќе се одржи концерт по повод 100 години од раѓањето и 70 години во етерот на Никола Бадев.

На концертот организиран во негова чест, ќе земат учество: Гоце Цоневски, Круме Спасовски, Ванчо Тарабунов, Душко Георгиевски, Зуица Лазова, Наум Петрески, Виолета Томовска, Александар Тарабунов, Сузана Спасовска, Благоја Грујовски, Добрила Ивановска Чабриќ, Бубо Каров, Трио Гранде, Елена Андоновска, Мишко Крстевски, Оркестарот на „Танец“ под раководство на Милан Завков и Изворниот оркестар на „Танец“ под раководство на Бајса Арифовска.

Првиот настап на Бадев на Радио Скопје во 1948 година беше почеток на една блескава кариера на естраден уметник, легенда и афирматор на македонската песна. Никола Бадев беше и остана исклучителна појава кај нас, интерпретатор кој високо ја крена и прослави македонската народна песна и со својата интерпретација остави неизбришиви траги во нашето песнопојно творештво. Бадев беше и остана да живее во колективната меморија на македонскиот народ затоа што и самиот велеше: „Песната е мојот живот“.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com