Oops! It appears that you have disabled your Javascript. In order for you to see this page as it is meant to appear, we ask that you please re-enable your Javascript!

Концерт на пијанистот Јожеф Балог од Унгарија

0

 

На 10 ноември (сабота) во Малата сала на Македонската филхармонија со почеток во 20 часот, во рамки на фестивалот „Есенски музички свечености 2018“, ќе се одржи концерт на пијанистот Јожеф Балог (József Balog) од Унгарија. Концертот се организира во соработка со Амбасадата на Унгарија во Македонија, а на програмата се дела од Бела Барток, Франц Лист и Питер Волф.

Балог е еден од најталентираните пијанисти на својата генерација. Од страна на критиката е споредуван со Хоровиц и Ерл Вајлд, додека од публиката се искажани бројни позитивни коментари за неговата брилијантна техника и за неговото чувствително музицирање. Овој пијанист е десетократен победник на меѓународни натпревари и носител на бројни награди. Беше награден со стипендијата „Ани Фишер“ од страна на Унгарското министерство за култура во 2005 г. и ја има добиено т.н. „Лист Награда“ од Унгарската влада во 2018 г.

Има одржано повеќе од 1.000 концерти како солист и камерен музичар во над 25 земји низ Европа, Америка и Азија.

Share.

About Author

Остави коментар

Powered by themekiller.com