КОНКУРС ЗА НОВИНАРСКИ ЕСЕЈ НА ТЕМА „ВИЗИЈА ЗА ЕВРОПСКО СКОПЈЕ“

0

 

По повод 13 Ноември, Денот на ослободувањето на Скопје, Дирекцијата за култура и уметност на Скопје, во рамките на мултимедијалната манифестација „Денови на европско Скопје“ која ќе се одржи од 4 до 7 ноември 2018 година, во соработка со Министерството за култура на Република Македонија и Градот Скопје, распишува конкурс за новинарски есеј на тема „Визија за европско Скопје“.

Авторските есеи треба да содржат проблемски, рефлексивни и визионерски аспекти за градот и да ја афирмираат определбата за европско Скопје, без дневно-политички конотации.

Пристигнатите творби ќе конкурираат за три награди. Првата е лаптоп сметач, втората е Ајфон сметач и третата е Андроид телефонски апарат.

Критериуми на конкурсот:

– На конкурсот своите есеи можат да ги пријават новинари на медиумите кои се ангажирани во новинарството, било во работен однос, по договор на дело или новинари кои имаат хонорарен ангажман во електронските, во печатените, во радиодифузните (ТВ-канали, радиостаници) и во интернет медиумите (портали и блогови).

– Есеите се испраќаат под полно име и презиме (без шифра или псевдоним) и со контактите на кандидатот (назив на медиумот за кој есеистот работи на новинарски задачи, телефон, имејл, придружени кон неговиот потпис. Сите овие податоци се испишуваат еден под друг, на крајната лева страна од самиот почеток на текстот.

– Секој автор може да учествува само со по еден есеј.

– Во рамките на темата „Визија за европско Скопје“, испратениот есеј треба да содржи и сопствен, специфичен наслов.

– Есејот треба да содржи од 400 до 500 зборови (не) сметајќи ги растојанијата, во фонт ариел (аriel) – 12 со македонска поддршка.

– Есеите на други теми, со дневно-политички потходи и оние што го надминуваат спомнатиот обем нема да бидат земени предвид.

– Новинарите од различни етнички припадности, есеите можат да ги испратат во верзија напишана на својот мајчин јазик (во фонт Ариел -12, со поддршка на соодветниот јазик) и – во продолжение на истиот фајл – со превод на македонски.

– Есеите се праќаат на електронската адреса (e-mail): skleto@unet.com.mk

– Краен рок за испраќање на есеите е 31.10.2018 година.

За резултатите од конкурсот учесниците ќе бидат известени веднаш по донесувањето на одлуката на Комисијата на овој конкурс, пред свеченото врачување на трите наградени трудови. Наградите кои ќе ги изгласа тричлена Комисијата на конкурсот, ќе бидат врачени на 06.11.2018 година.

Проектот е поддржан од Делегацијата на Европската унија.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com