Конечно некој даде објаснување за своето лошо паркирање

0

Без разлика дали имате Ламборџини или Форд Фиеста Зетек, вие мора да најдете место каде ќе го собира вашето возило за да го паркирате. Сепак, некои луѓе едноставно не го разбираат значењето на бонтонот и го прават животот стресен за сите други возачи. Никогаш не сме имале објаснување за тоа, до сега …
Еден човек кој константно го паркира својот автомобил на две паркинг места, ги бранеше своите постапки – или барем се обиде – и рече дека ќе продолжи да го прави тоа.
Крис Џејмсон (30) од Лоустофт, Сасекс, имал во сопственост осум автомобили во изминативе шест години, и тврди дека сите тие биле оштетени на некој начин од негрижливи луѓе во паркиралиштата. Тој не е личност која вози било кaков стар автомобил. Неговото последно возило е „Nissan Fairlady 300Z“. Тој го има од октомври и цело време го паркира директно во средината на два паркинг простори. Неговото оправдување за пречекорување на две совршено добри паркинг места е тоа што остава дополнителен простор, за луѓето да можат да влезат и да излезат од своите автомобили без да го удираат неговото ново возило.

Да, тоа исто така значи дека на паркингот има едно место помалку, па некој може да биде разочаран, но се додека автомобилот на Крис нема оштетувања на вратата, тоа е нешто на кое сите мора да се навикнат.
Нема да ве изненади да дознаете дека некои луѓе мислат дека методот на Крис е малку себичен, но тој вели дека има право да го стори тоа, и еве зошто. Тој објасни дека е внимателен каде паркира, само се обидува да ја минимизира штетата на својот автомобил колку што може. Плаќа за два билети. Тој лично мрази кога луѓе паркираат лошо, но вели дека самиот не го прави тоа намерно, туку со оправдана причина. Неговите претходни скапи автомобили биле често оштетувани, па затоа се решил на ваков чекор.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com