Oops! It appears that you have disabled your Javascript. In order for you to see this page as it is meant to appear, we ask that you please re-enable your Javascript!

Кому воопшто може да му пречи фестивал посветен исклучиво на македонски артисти

0

Со сета почит кон сите други фестивали, артисти и културно уметнички работници, како организатори на фестивалот Андерфест кој за прв пат треба да се одржи оваа година, чуствувавме потреба да го дадеме нашето видување на неодамнешните настани поврзани со селективното доделување на финансии од страна на Министерството за култура.

Фестивалот Андерфест е планирано да се одржи од 5-7 Април 2019 година. Фестивалот е прв и единствен тридневен фестивал на кој ќе настапат исклучиво изведувачи од Македонија. Имено, веќе една година наназад напорно работиме на организација на фестивалот и со гордост можеме да се пофалиме дека на него веќе се потврдени да настапат преку 40 изведувачи кои несебично и без двоумење прифатија да бидат дел од фестивалот што само докажува колку овие изведувачи се желни за настап и промоција. Исто така извршивме и извршуваме низа дејства со цел што подобро да го промовираме настанот, како гостувања на телевизии, радија, веб медиуми и сл и сметаме дека настанот ќе го разбуди интересот на публиката и очекуваме голема посетеност а имајќи го во предвид фатот дека влезот за сите настани е бесплатен можеме слободно да кажеме дека сме сигурни дека настанот ќе биде посетен“, се вели меѓу другото во реакцијата на Андерфест.

Во своето писмо организаторите реагираат дека се крајно изненадени и револтирани од одлуката на Комисијата при Министерството за култура со која не е доделен ниту еден денар за овој фестивал. Како Министерството за култура ќе ги стимулира сите оние кои како Андерфест сакаат да започнат нешто ново нешто прогресивно, нешто што е од општ интерес? Наместо да се поттикне вакво нешто макар со минимален износ (кој нам би ни значел премногу) вакви манифестации сакаат да се сотрат уште во самиот зародиш. Во културата несмее да има место за политика, национализам и партиски наредби“ се вели во реакцијата на Здружението на граѓани за организирање културно уметнички активности АНДЕРФЕСТ Скопје, потпишано од претседателот Бојан Трпевски.

Share.

About Author

Остави коментар

Powered by themekiller.com