Комплименти за префинетата музика на Четкар

0

Водечкиот американски он-лајн магазин за класична и модерна соул музика Соултракс (Soultracks) објави рецензија за новиот сингл на Четкар со пофални зборови за неговата музика.

„Помина доста време од кога на Соултрекерите за прв пат им го претставивме Македонскиот пејач/гитарист Владимир Четкар. Овој дипломец на Беркли колеџот за музика постојано создава префинета музика која стои помеѓу линиите на соул, џез и поп музиката.

Владимир моментално го подготвува новиот албум Going Home, кој ќе биде објавен во почетокот на 2019 година. Во меѓувреме, тој издаде сингл и видео што ја продолжува неговата низа на силна музика.

‘Come With Me’ е песна со оркестарска позадина и во себе има малку Бери Вајт, малку Џорџ Бенсон и многу забава.

Слушнете ја ‘Come With Me’ и посакајте му добредојде на Владимир Четкар во Соултракс!“, се вели во рецензијата.

Линк до рецензијата: https://www.soultracks.com/first-listen-vladimir-cetkar-come-with-me

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com