Комплетно е непрепознатлива: Црвенокосата глумица стана русокоса

0

Една од најпознатите црвенокоси актерки во Холивуд во новата година влезе со нова боја на коса и ги изненади обожавателите, бидејќи никогаш претходно не отиде подалеку од своите природни, црвени нијанси.

Актерката Ајла Фишер одлучи да ја замени нејзината препознатлива црвена коса со нова боја за која ѝ беше кажано дека е вистински хит во 2019 година. Ѕвездата од „Исповеди на купохолик“ и „Arrested Development“ направи изненадување и стана русокоса.

Иако многумина претпоставуваа дека тоа е само перика, нејзините обожаватели веќе се изјаснија за новата боја и заклучија дека нејзината природна коса и стои многу подобро. И покрај тоа што многу жени би завидувале на специфичната нијанса, Ајла признала дека била малтретирана заради бојата на косата во нејзината младост, и во тоа време таа не си ја сакала. Меѓутоа, со текот на времето сфатила дека токму косата ја прави единствена. И сите овие години таа гордо се носеше со освежување на нијансата.

Ајла често ја мешаа со актерката Ејми Адамс поради бојата на коса, па многу обожаватели се пошегуваа дека таа конечно го реши и тој проблем со новата боја.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com