Колку повеќе даваш, се повеќе извира и се пресоздава, за одново и одново да ја дадеш љубовта

0

Неколкумесечниот деноноќен труд и неспиењето не беа залудни и вредеа“, ја започнува својата приказна Ружа Спасовска, организатор и покренувач на Меѓународната хуманитарна поетска манифестација „Со Босоногата по патот на Светлината“, посветена на штитениците на Јавната установа Завод за заштита и рехабилитација Бања Банско- Струмица.  Оваа благородна жена -поет со големо и хумано ангелско срце ни раскажа дека проектот започнал под мотото „Поетите, писателите и уметниците во хуманитарна мисија”, а со цел да се помогне работата на споменатиот Завод кој згрижува, негува, едуцира и рехабилитира лица со телесен инвалидитет и попреченост во физичкиот развој и е единствена установа од ваков тип во Република Македонија.

Живееме во време на се поизразен егоизам, кога за жал многумина во преден план ги ставаат сопствените интереси и сопствената личност. Спротивно на ова, вие приведувајќи ја успешно и кон крај започнатата хуманитарна акција, бевте ѕвезда водилка и инсирација за многу луѓе кои знаат и сакаат да сочувствуваат со болката и тагата на други луѓе?

-Најпрво сум должна да им заблагодарам на сите, кои следејќи го мојот пример во изминатиот период, зачекорија по патот на Светлината и ја покажаа на дело својата широчина и хуманост. Пресреќна сум што мојот пример од ден во ден допираше до срцата на се повеќе и повеќе поети, писатели, уметници, но и други сочувствителни и емотивни граѓани и гости, кои вклучувајќи се во акцијата придонесоа денес да не обземе заедничко чувство на задоволство. Изминатиот викенд требаше да одиме (делегација или комисија како да ја наречам) и да ги однесеме во Заводот Бања Банско предметите-подароците кои ги купивме со собраните средства за кои се договоривме со директорката дека им се потребни. Но, тоа се одложи на нивно барање затоа што штитениците биле поканети на друг настан тој ден, па останува тоа да го реализираме наскоро. На тој начин ќе ќе ја заокружев Манифестацијата и ќе ја имав целата приказна, иако мисијата продолжува … се уште се јавуваат со покани и за други градови што е многу позитивно и ме прави дополнително горда и среќна“.

Откријте ни повеќе детали за самата манифестација?

-Проектот започна со план за три града, Скопје,Охрид и Струмица, но заради големата заинтересираност на поетите и писателите да учествуваат во оваа хуманитарна мисија, и барања да се одржат Поетски вечери и хуманитарни акции и во други градови, јас со огромно задоволство го прифатив предизвикот да се прошири мисијата и во Кочани, Штип, Прилеп и Кичево. Навистина вложив натчовечки напори да организирам и изменаџирам реализација на хуманитарните поетски вечери во 7–те градови. Освен на самите поетски вечери, се спроведоа и дневни хуманитарни акции од 11 до 17 часот во Скопје, Кочани и Кичево- (дводневна) и на Св. Наум- Охрид. Почитуваниот и осведочен хуманист Живко Поповски Цветин, кој од самиот почеток ја препозна и ја поддржа хуманитарната мисија во секоја прилика и во секој град реченицата ја започнуваше со: „Ова е мегаломанска работа со која бара натчовечки напори а Ружа ја прави со толку голема посветеност и жар “.

Ако сето ова се има во предвид, прашање кое е сосема логично и неизбежно е од каде поривот да се нафатите и да се впуштите во еден предизвик, кој бара многу голем напор и одрекување?

-Најчесто поставено прашање од почетокот на Манифестацијата па до денес е: „Зошто ?!!“. Искрено немав одговор освен дека „Виша сила ме натера“. Толку многу пати ми го поставија тоа прашање што и самата почнав да размислувам и да се прашувам. Одговорот е многу едноставен, но луѓето секогаш сакаат да слушнат повеќе … поголема причина… „Зошто?!!“ – „За една нивна насмевка!!!“- зар не е доволно тоа? „Зошто?!!“ – „Насмевката на тие луѓе од Заводот, е задоволство на мојата душа и ме прави среќна!“. Колку повеќе даваш, се повеќе извира и се пресоздава, за одново и одново да ја дадеш Љубовта“. зар не е доволно тоа?!!

Од каде црпевте енергија и ги „полневте“ батериите за секој следен ден и настан?

-Од Изворот! Да бидам искрена неколку пати почувствував дека газам по црвената линија на физичките можности и здравјето. Но тоа не ме исплаши и не застанував. На сметка на тоа имаше и мали шеги. Од луѓе кои беа поблиски сведоци на тој напор, во една прилика ми беше речено „Заврши ја и предвидената завршна вечер во Струмица, па ќе те однесеме на специјалист да ти одреди дијагноза!“. Јас на тоа со насмевка им одговорив – „Докторите ниту учеле ниту слушнале за мојата дијагноза“, но на тој муабет се надоврза господинот Живко Поповски Цветин кој им рече: „Нејзината дијагноза е Љубов!!!“.

За време на хуманитарниот караван низ Македонија се даруваа книги, слики, насмевки, душа, љубов и незаборавни спомени. Планирате ли да продолжите во истиот стил?

-Oд сите учесници, од сите страни и краеви, добив порака и АМАНЕТ, оваа манифестација да се повтори и да биде традиционална! Да сме живи и здрави ќе продолжиме со Босоногата по патот на Божјата Светлина.

Жорж Поповски

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com