Колекцијата на Џорџ Мајкл продадена за 9,3 милиони фунти

0

Уметничката колекција на современи уметници на починатиот поп пејач Џорџ Мајкл на аукција е продадена за неверојатни 9,3 милиони фунти.

Во колекцијата имало дела и од познати автори како што се Трејси Емин и Демиан Хирст. Највисока цена на аукцијата постигна делото на Хирст наречено “The Incomplete Thruth” од 2006 година, што претставува гулабица сочувана во формалдехид. Ова дело достигна цена од 911 250 фунти.

Џорџ Мајкл , кој почина во декември 2016 во 53 година од животот беше страствен колекционер на делата на младите британски автори, а беше и пријател со многу уметници.

Парите ќе бидат наменети за хуманитарните фондации, кои ги поддржуваше пејачот. Според аукциската куќа Кристис во Лондон, каде се продаваа делата, Мајкл најмногу купувал уметнички дела во периодот меѓу 2004 и 2009 година.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com