„Кока-Кола“ се најде во тесно?

0

Кока-Кола“ се соочува со голема парична казна од 345 милиони американски долари, објави „Фајненшел тајмс“.

Мексиканскиот претприемач Хозе Антонио дел Вале, ја обвини компанијата „Кока-Кола“ за корпоративна измама и кражба на индустриска сопственост. Причината за судењето е производство на пијалокот „Фанта Габа“.

Во 2012 година, Хозе Антонио дел Вале создал газиран пијалок со додавање на Гама-Аминобутерна Киселина – ГАМК. Овој додаток е многу популарен во Јапонија. Тој започна со производство на пијалокот „Go Gaba“ („Гоу Габа“) во Мексико и Холандија.

Четири години подоцна, бизнисменот ја контактирал компанијата „Кока-кола“, нудејќи и меѓународна соработка. Во првите 30 месеци по склучувањето на договорот со Вале, американската корпорација можела само да има пристап до рецептот на пијалокот „Гоу Габа“, но не и да произведува сличен производ. Договорот бил потпишан во декември 2017 година, но по шест месеци бил нарушен.

Во Јуни 2018 година, во Јапонија компанијата „Кока-Кола“ почна да произведува сличен производ, кој е наречен „Фанта Габа“.

Мексиканецот не остана со скрстени раце туку напиша тужба…

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com