Кои ѕвезди се гледаат со “копии” на нивните поранешни љубовници

0

Изненадувачки, но вистинито е дека некои ѕвезди избираат нови љубовници, кои многу личат на нивните поранешни.

Ендрју Гарфилд
Ема Стоун -> Сузи Абромајт

Ендрју Гарфилд и Ема Стоун беа во врска од 2010 до 2015 година, по разделувањето актерот долго време не можеше да ја преболи својата стара сакана. После долга пауза, во септември 2018 година, Ендрју реши да се впушти во нова љубовна авантура со ѕвездата на серијата „Џесика Џонс“, Сузи Абромајт.

Марија Шарапова
Григор Димитров -> Александар Гликс

Во текот на изминатите три години речиси ништо не се знаеше за личниот живот на Марија Шарапова. Во 2015 година, руската тенисерка се раздели од бугарскиот тенисер Григор Димитров. После пауза од 3 години, таа го заборави Димитров и си најде нов љубовник – основачот на аукциската куќа Падл8, Александар Гликс. Гликс иако не е никако поврзан со спортот како Димитров, сепак има многу сличности со него – висок, темнокос и убав.

Ченинг Тејтум
Џена Дуан -> Џеси Џеј

Кога Ченинг Тејтум и Џена Дуан се разделија, тоа ги шокираше љубителите на овој прекрасен пар. Иако актерите изгледаа заљубени, сепак тоа не било доволно да опстане нивната врска. Дуан посочи дека ја снемало љубовта во нивната врска и се појавиле многу непомирливи противречности помеѓу нив двајца. После разделбата во април 2018 година, тие се обидоа да воспостават пријателски односи. Но, моментално односот на поранешните брачни партнери не е баш најдобар, поради финансиски несогласувања – актерот не сака по разводот да и исплати парични бенефиции на неговата сопруга
Но, Тејтум не е обесхрабрен, тој најде утеха во рацете на пејачката Џеси Џеј, која физички е многу слична со Џена.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com