Oops! It appears that you have disabled your Javascript. In order for you to see this page as it is meant to appear, we ask that you please re-enable your Javascript!

Кои се најбогатите Американци според „Форбс“?

0

Експертите на Форбс ги рангираа најбогатите Американци за 2018 година.

На листата најбогати Американци се најде и претседателот на САД – Доналд Трамп, но годинава тој падна на 138 позиција од 400 најбогати луѓе. Во 2017 година, американскиот лидер го освои 248-то место на рејтингот, а неговото богатство тогаш изнесуваше 3,1 милијарда долари, а додека во 2016 година тој го завземаше 156-то место.

Најбогатите Американци беа распределени на следниов начин:

  1. Џеф Безос

Статус: 160 милијарди долари

Возраст: 54 години

Извор на богатство: Амазон

Џеф Безос е американски претприемач, глава и основач на интернет компанијата „Амазон“, основач и сопственик на авионската компанија „Блу Ориџин“ и сопственик на издавачката куќа „Вашингтон Пост“.Тој исто така глуми како вонземјанин во една од сцените на филмот „Одмазници:Војна на бесконечноста”

  1. Бил Гејтс

Статус: 97 милијарди долари

Возраст: 63 години

Извор на богатство: Микрософт

Бил Гејтс е американски претприемач , филантроп, еден од основачите (заедно со Пол Ален) и поранешен најголем акционер на „Микрософт”.

До јуни 2008 година, тој беше на чело на компанијата, а по напуштањето на функцијата остана на висока позиција како неизвршен претседател на одборот за директори.

Освен компанијата „Микрософт“, Бил Гејтс е копретседател на Фондацијата „Бил и Мелинда Гејтс“, член на одборот за директори на „Беркшир Хатавеј“.

  1. Ворен Бафет

Статус: 88,3 милијарди долари

Возраст: 88 години

Извор на богатство: Беркшир Хатавеј

Ворен Бафет е најголем американски претприемач во светот и еден од најпознатите инвеститори. Исто така, тој се смета како еден од најголемите добротворци во историјата на човештвото.

Во јуни 2010 година, Бафет ја објави својата донација која беше наменета за пет добротворни фондации и изнесуваше повеќе од 100% од сопственото богатство или околу 97 милијарди долари. Поголем дел од донираните пари беа оставени на располагање за фондот  кој го управуваат Бил и Мелинда Гејтс. Токму оваа донација е најраспространетиот добротворен акт во историјата на човештвото.

  1. Марк Закерберг

Статус: 61 милијарда долари

Возраст: 34 години

Извор на богатство: Фејсбук

Младиот и успешен Марк Закерберг е американски програмер, претприемач во областа на интернет технологиите, милијардер, еден од програмерите и основачите на социјалната мрежа Фејсбук.

  1. Лари Елисон

Статус: 58,4 милијарди долари

Возраст: 74 години

Извор на богатство: технологија

Лари Елисон е американски претприемач, ко-основач, претседател на одборот за директори и директор на технологија во корпорацијата „Оракл“. Елисон од 1976 до 2014 година  бил главен директор на  „Оракл“, исто така и еден од најголемите акционери на компанијата „NetSuite“ (која подоцна беше купена од страна на компанијата Оракл во 2016 година за 9,3 милијарди долари) и инвеститор на компанијата „Salesforce.com“.

  1. Лари Пејџ

Состојба: 53,8 милијарди долари

Возраст: 45 години

Извор на богатство: Гугл

Лари Пејџ заедно со Сергеј Брин е ко-основач  на американската корпорација за интернет пребарувња Гугл.

Пејџ е основач на „PageRank“, најпознатиот референтен алгоритам за рангирање на Гугл. За своите достигнувања Лари Пејџ ја освои наградата Маркони во 2004 година.

7 и 8. Чарлс Кох и Дејвид Кох

Статус: 53,5 милијарди долари

Возраст: 82 и 78 години

Извор на богатство: Кох индустрии

Ако порано Кох Индустриите традиционално беа поврзан со енергетскиот сектор, сега компанијата ги позиционира своите активности на трансформација на суровини во вредни производи.

Браќата инвестираат во индустријата за преработка на нафта, производството на ѓубрива, полимери, влакна, шумарство и создавање на производи за широка употреба.

Тие активно учествуваат во политичкиот живот, финансираат политички акции и конкретни политички личности, поддржуваат конзервативни масовни демонстрации.

  1. Сергеј Брин

Статус: 52,4 милијарди долари

Возраст: 45 години

Извор на богатство: Гугл

Сергеј Брин е млад американски претприемач и научник во областа на компјутерите, информатичката технологија и економијата,  милијардер и основачот (заедно со Лари Пејџ) на американската корпорација за интернет пребарувања Гугл.

Сергеј Брин е автор на десетици публикации во водечките американски академски списанија, а повремено е дел од разни домашни и меѓународни научни, бизнис и технолошки форуми.

Тој честопати настапува пред публика, на различни телевизиски програми, ги објаснува своите ставови за технологијата, пребарувањата и компјутерската индустрија како една целина.

  1. Мајкл Блумберг

Состојба: 51,8 милијарди долари

Возраст: 76 години

Извор на богатство: Блумберг ЛП

Мајкл Блумберг е претприемач и 108-от градоначалник на Њујорк. Империјата на Блумберг вклучува телевизиски канали, радио станици и светска компјутерска мрежа на финансиски вести.

Во моментов, компанијата е еден од водечките провајдери на финансиски вести во светот, бројот на вработени достигна 9.500 луѓе во 130 земји.

Како градоначалник на Њујорк, Блумберг си назначи плата од 1 долар годишно и целосно живее од приходите на сопствениот бизнис.

Share.

About Author

Остави коментар

Powered by themekiller.com