Oops! It appears that you have disabled your Javascript. In order for you to see this page as it is meant to appear, we ask that you please re-enable your Javascript!

Кои се десетте модерни големи чанти за оваа есен и зима

0

Есенско-зимскиот период е период за палто, дебели јакни и меки шалови. Покрај овие парчиња, потребен е уште еден моден детал без кој не може да функционира ниту една дама, а тоа се чантите. Сега ќе дознаете, кои ќе бидат најпопуларни чанти за втората половина од 2018 година.

Шопинг чанта

Самото име на оваа чанта кажува дека е наменета за шопинг. Тоа може да се забележи од нејзниот обем, едноставниот дизајн, силните рачки и широките ремени кои може лесно да се регулираат. Овој модел е изработен од различни материјали: вештачка или природна кожа, велур, најлон, пластика и дури од ткаенини кои повеќе одговараат за летна, плажна сезона. Овој тип на чанта ќе ви служи не само кога одите на шопинг, туку може да се комбинира за различни настани, како на пример, може да ја носите со вас во канцеларија, на состанок. Ако се одлучите за кратко патување, исто така овој модел би можел да ви послужи како рачна торба. Чантата совршено може да се комбинира со обемна есенска и зимска облека – јакни, капути, шалови. Иако чантите се доста големи, некои модели не ја изгубиле својата елеганција и сосема може да се користат во официјално-деловен стил.

Спортска чанта

Ако во вашата гардероба е моментално актуелен спортскиот стил, тогаш ви е потребен токму овој модел. Додека од една страна, оваа чанта не испраќа нас кон вежање и кон здравиот живот, од друга – изгледа доволно елегантно за секојдневен образ. Како по правило, спортските чанти имаат долгнавест облик, силни рачки и исто така е опремена со типични спортски атрибути како крупен патент или длабоки надворешни џебови. Како што и е во случајот со шопинг чантите, чантите во спортски стил се исто направени од различни материјали, но од нив најелегатно изгледа чанта направена од мат кожа.

Бакетбег

Бакетбег или чанта – торба, која што е исто популарна како чанта – вреќа, е идеална опција за есенска гардероба и за секојдневен стил. Таа има вертикална мека форма, тешко, стабилно дно, и на врвот – рачка која што може да се затегне. Во принцип, колку чантата е помека, толку повеќе работи може да си сместите во неа, без да се плашите дека може да го скинете патентот или рачките. Бакетбег изгледа одлично во комбинација со кожена јакна, мантил, палто или монтка.

Чанта – цилиндер

 

Историјата на чантата-цилиндер има повеќе од сто години, меѓутоа, најпознатиот модел е чантата-цилиндер, која беше претставена во светот 1966 година од страна на дизајнерот Луј Витон. Благодарение на надворешната сличност со пеперугата, чантата доби име папилон, а поради необичниот дизајн, брзо ги освои срцата на градските модерни жени во тоа време. Цилиндричната форма и широките рачки и даваат на оваа чанта посебен, специфичен изглед. Како по правило, чантите-цилиндри се направени од цврста и издржлива ткаенина, а дополнителните додатоци одредуваат кон кој стил стремите – од спортски до деловен.

Share.

About Author

Остави коментар

Powered by themekiller.com